Четириесет и осумгодишен жител на струшкото село Октиси бил лишен од слобода откако полицијата утврдила дека управувал возило со 1,51 промили алкохол во крвта.
Тој бил сопрен на 27 јули во 20:35 часот на локалниот пат меѓу струшките села Мислешево и Мороишта, додека управувал патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки.
При контролата во сообраќајот, полициските службеници извршиле алкотестирање, по што возачот веднаш бил исклучен од сообраќај и лишен од слобода.
По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени
