Денеска (18.01.) во 03.26 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Битола, патничко возило управувано од непознат возач удрило во 17-годишен пешак од Битола, а потоа го напуштило местото на настанот.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.