За смртта на 45 лица кои никогаш не пристигнаа дома од патувањето во Истанбул, е виновен возачот на автобусот на БЕСА транс- утврдија бугарските истражители. Истрагата е затворена, со објаснување дека возачот изгубил контрола над воланот. Семејствата на загинатите и преживеаните бараат подетална истрага, а не само вината да се префрла врз починатиот возач, објавува ТВ 24
– Ќе бараме подетална истрага, ова ќе оди до судот во Стразбур.Мора некој да преземе одговорност и да ја кажат вистината, а не само дека возачот е виновен. Некој мора да објасни како за толку кратко време изгоре целиот автобус, а со него и 45 лица. – изјави Кјамуран Пајазитовски- роднина на патник во автобусот „Беса Транс“.
Автопатот Струма во Бугарија на 23 ноември минатата година, беше кобен и за возачот на автобусот. Истрагата според шефот на бугарската национална истражна служба, Борис Сарафов, утврдила дека возачот возел со голема брзина, но не и над дозволената.
Сообраќајката на автобусот БЕСА ТРАНС ја следеа низа нерегуларности. Патот по кој се движел автобусот имал лоша сигнализацијат и кривина пред која нема видливост, посочија бугарските истражители неколку дена по несреќата.
Потоа се увиде дека автобусот возел без меѓународна лиценца за сообраќај, па беше нејасно како ги минувал границите и зошто не бил сопрен од царинската управа во земјава. По несреќата лиценцата беше одземена, а цариниците кои биле на смена кога поминал автобусот-суспендирани.
Потоа МВР утврдила нерегуларности кај фирмата која вршела технички преглед на автобусите на оваа компанија уште во август, но документите не се потпишани се до 26 ноември, односно 3 дена по несреќата се одзема дозволата на фирмата.
Според професорот Стоимко Златковски независно од тоа дали возачот починал или не треба да се сдпроведе целосна истрага и утврдување на пропустите на сите фактори. На тоа место каде се случила сообраќајката е дозволена брзина од 120км на час, но бидејќи биило ноќно време и влажен коловоз, возачот требало да вози со брзина значително помала од дозволената.
Додека бугарските истражители ја затворија истрагата, документацијата за работата на БЕСА ТРАНС во македонското обвинителство е сеуште во предистражна постапка.