Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски денеска на прес-конференција изјави дека ќе ги почекаат записниците од увидот на МВР за причините за пожарот во „Треска“, како и записниците од Противпожарната служба, по што ќе одлучат како ќе постапат понатаму.
Со задоволство можам да кажам дека воздудхот не ги надминува пропишаните нивоа на загаденост. Во врска со самот простор, важечки е урбанистичкиот план од 2013 година и отворено е планерска куќа, која што ќе прави нов ДУП на таа површина. Најважно ни е расчистување на просторот од штетни материјали, но и отстранување на самите објекти. Во комуникација сме со ОЈО за дополнителни насоки. Сакаме повеќе јавно добро, повеќе зеленило на тој простор. Мое е да се борам за што подобро да биде уреден јавниот простор, но во моментов имаме важечки ДУП и одреден број парцели на таа површина, рече Герасимовски пред новинарите, после состанокот за начините на чистење на отпадот и анализа на последиците од пожарот кој пред два дена изби во поранешната фабрика „Треска“.