Полициски службеници денеска презедоа конкретни мерки по видео снимка која се прошири на социјалните мрежи. Случајот заврши со приведување на возачот и одземање на патничкото возило.
Денеска од страна на полициската станица од општа надлежност Карпош при СВР Скопје преземени се мерки и активности во врска со објавено видео на социјалните мрежи на кое се гледа како едно лице управува патничко возило по булеварот „Партизански одреди“ во спротивен правец.
Притоа утврдено е дека лицето е И.Г. (87) од Скопје. Тој е лишен од слобода согласно член 297 а став 1 од Кривичниот законик, а возилото е привремено одземено за понатамошна постапка.
Во службените простории на полициската станица Карпош извршен е разговор со лицето и во консултација со надлежен јавен обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
