Сообраќајот се одвива во зимски услови

На државните патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, со делумно влажни коловози. Врнежи од слаб снег со променлив интензитет се регистрираат на патниот правец Тетово – Гостивар – Маврово и на Попова Шапка, при што снегот не се задржува на коловозот, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

Препораки за возачите

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, строго почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност за појава на одрони.

Особено внимание се советува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.