Настанот се случил на раскрсницата на улицата Маршал Тито, на пешачки премин, на само триесеттина метри од Полициската Станица Неготино, а повредените девојчиња биле пренесени во болница со возилото на Итната служба на ЈЗУ Неготино.

Од МВР го потврдија настанот, и изјавија дека повеќе детали околу незгодата и состојбата на девојчињата ќе бидат соопштени во тек на денот.

Градот се вознемири поради немилата случка и повторно ги актуелизираше прашањата зошто на улицата Маршал Тито, каде секогаш е фреквентно и раздвижено, не се постават легнати полицајци или вибрирачки ленти за забавување на брзина.

На местото на настанот во чија близина е и средното училиште во градот во предизборните кампањи се ветуваше изградба на кружен тек. Неготинчани потсетуваат на ветувањата и прашуваат дали некогаш ќе се решат овие прашања, клучни за безбедноста на граѓаните.

Инаку, Неготино е град во кој нема ниту еден кружен тек, нема семафори и нема ниту една вибрирачка лента за забавување на брзината.