Случајот во полиција бил пригјавен вчера, а се случил 17-ти овој месец околу 16.00 часот на ул.„11-ти Октомври“ во Велес.
Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски информира дека пријавеното девојче за два дена злоставувало две малолетни двеојчиња, како и дека полицијата во соработка со Центарот за социјални работи работи на овој случај.
Тој, исто така, информира дека од граѓани било пријавено оти и наредниот ден – на 18 април околу 15.00 часот на ул.„11-ти Октомври“ истата малолетничка физички нападнала друга малолетничка од Велес.
-Во врска со настанот, во полициска станица, во присуство на родител и социјален работник, бил извршен разговор со малолетното девојче, како и со уште една малолетничка која учествувала во настаните. Се преземаат и дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И.(39) од Велес поради негрижа за дете, појасни Додевски.
12 годишно девојче од Велес нападнато од својата врсничка додека бара помош од својата мајка по телефон, а останатите нејзини врснички снимаат и го подржуваат насилството !!! @o_spasovski pic.twitter.com/AA2Ol4vErK
— ВИЌО ИНСПЕКТОР (@VikoInspektor) April 20, 2021