Вознемирувачка снимка од Пробиштип е споделена на социјалните мрежи, а ја пренесе Телевизија Сител, на која се гледа како возач со автомобил намерно гази кучиња покрај патот кај Лиса Гара, на патот кон Марчено.
На видеото може да се воочи како залетаното возило, без обид и намера да прикочи, прегази едно од кучињата.
Во коментарите на социјалните мрежи граѓаните изразуваат револт од крвничкиот чин и ги повикуваат истражните органи да го идентификуваат возачот и да биде санкциониран.
