Возач малтретира животно – влече мачка врзана на својот автомобил

На социјалнтие мрежи се шири видео како возач малтретира животно – влече мачка врзана на својот автомобил. За него по реакциите е поднесена кривична пријава.

Жестока реакција по брутално малтретирање на мачка во Штип

Граѓанската иницијатива „Ние за благосостојба на животните“ поднесе кривична пријава против лице од Штип, откако беше објавено вознемирувачко видео на кое се гледа како маче е врзано за задниот дел од автомобил Матиз и влечено додека возилото се движи.

Повеќе може да погледнете од видеото:

Повторливи кривични дела без соодветна санкција

Активистите реагираат дека ваквите злосторства се случуваат често и најчесто од исти сторители. Тие сметаат дека актуелната казнена политика за кривичното дело „мачење на животни“ не е доволно строга и не ги обесхрабрува виновниците.

Од СВР Штип потврдија дека добиле пријава и работат на идентификација на сторителот.

  • Откако снимката стана јавна, нашите службеници преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот – велат од СВР Штип.

Анима Мунди бара построги казни

Од здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ предупредуваат дека ваквите инциденти се секојдневие и бараат заострување на казнената политика.

  • Единствениот начин да се спречат вакви злосторства е со високи парични и ефективни затворски казни – истакнуваат од здружението.

Во таа насока, тие веќе поднесоа иницијатива за измена на Кривичниот закон до Владата, Министерството за правда и МВР, со цел воведување нови категории и квалификувани форми на кривичното дело мачење на животни.

Случајот со кучето Феликс – правдата сè уште не е задоволена

Овој случај не е изолиран. Минатата година, кучето Феликс беше брутално претепано во Скопје, а подоцна почина од здобиените повреди. И тогаш човек беше забележан како малтретира животно.

Против сторителите Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски веќе е покренат судски процес. Новото рочиште е закажано за 13 март, откако првото судење беше одложено.