Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во име на Албанците, но за лични интереси, велат во партиското соопштение од Коалицијата ВРЕДИ.

Од таму велат дека ова е, пред сè, порака до Арбен Таравари, а потоа и до Исен Шабани, кои помислиле дека Албанците ќе ги следат во нивните политички игри, менувајќи ги принципите како ситни пари.

„Иако се обидуваат да најдат оправдувања, суверенот со овој потег им удри силна шлаканица на политиките на менување принципи за ситни лични интереси. Таравари отиде за шест општини, остана со четири и заврши со нула, се вели во соопштението на ВРЕДИ.