Соопштение на Радио Лидер во однос изнесените дезинформации од Димитар Апасиев:

Почитувани,

Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев денеска од собраниската говорница изнесе лаги, инсинуации и насилнички говор кон нашиот медиум.

Целосно неосновано, со лажни информации инсиунираше дека сме мегафони на МВР кои објавиле информација за кривичен настан на неговиот возач, неколку минути откако истиот се случил. Вистината е дека ние ја објавивме информацијата повеќе од 24 часа по настанот и неколку часа по голем дел од другите медиуми кои известуваа за дивеењето на насилникот од Левица.

Во исто време, веста која ја објавивме јасно ја цитира оригиналната информација која доаѓа од друг медиум. Во меѓувреме, веста е целосно точна и до нашиот медиум не стигнал никаков демант за истата.

Поради ваквото недемократско однесување на Левица, Радио Лидер повеќе нема да ги пренесува соопштенијата и прес конференциите на оваа недемократска политичка партија и нема да им отстапува простор на нејзините функционери во информативните појаси на радиото и на веб-страницата на Радио Лидер. Гости од Левица веќе не се добредојдени во нашето радио, затоа што се работи за политичка партија која очигледно сака да ја задуши слободата на говор.

Би сакале да ве информираме дека имаме информации и основани сомневање дека во неколку наврати високи функционери на Левица во екот на агресијата врз Украина, биле во посета на Русија каде координирале пропагандни напади на територијата на Македонија, врз сите оние кои се противат на војната. Јасно е дека од Кремљ преку Левица се работи на дестабилизација на македонското општество, токму затоа не сакаме индиректно да учествуваме во овие операции, пренесувајќи ги ставовите на Левица.

Ги повикуваме демократските партии во Македонија и институциите во земјата, да почнат дебата за забрана на оваа политичка партија која претставува странски експонент во земјава. Не смееме да дозволиме вакво директно мешање на странски и недемократски сили преку овој политички субјект.

Ова не е прв ваков атак на Левица и Апасиев кои претходно ја линчуваа колешката Мери Јордановска.

Очигледно е дека со своите шовинистички политики, кои се во служба на други држави, Левица претставува закана за националната безбедност на Македонија. Лидерот на оваа политичка партија во интервју за национална телевизија истакна дека му е симпатично тоа што во Русија се убиваат политички неистомисленици и во многу наврати зборувал за стрелање на неговите политички неистомисленици. Исто така, Левица повика на бојкот на пописот и со тоа придонесе да се намали бројот на Македонци во Македонија, во исто време, оваа политичка партија постојано во клучните моменти одработуваше за интересите на Русија и се обидуваше да ја дестабилизира Македонија.

Во овие времиња, кога ние секојдневно ги осудуваме екстремистите од Бугарија и во тоа сме сме целосно поддржани од нашите стратешки партнери, зарем треба да дозволиме да имаме наши екстремисти?

За сите оние кои сега ќе кажат дека со нашиот бојкот на Левица ние настапуваме против слободата на говор: Зарем на Хитлер му дозволуваа да има слобода на говор на Би-Би-Си за време на втората светска војна?

Ако во 30-те години на минатиот век во Германија ја забранеле националсоцијалистичката партија, над 70 милиони животи ќе беа спасени.