Главниот и одговорен уредник на Радио Лидер Љупчо Златев на социјалните мрежи напиша дека дојде време преку новинарските здруженија да се организираме и да почнеме активности со кои ќе му покажеме каде му е местото на премиерот Димитар Ковачевски.

Во продолжение неговиот став

Време е да му покажеме каде му е местото, време е за Бојкот!
Почитувани колеги новинари. Откако минатата недела мене и на Предраг Кукиќ ни беше забрането да присуствуваме на настан на премиерот, денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес конференција ги навредувал редакциите на Телма и Алфа, плашејќи се да го спомене нивниот назив но коментирајќи ја изјавата на Ахмети од вчера.
Време е преку новинарските здруженија да се организираме и да почнеме со активности со кои ќе му покажеме каде му е местото!
На примитивизмот не му е местото во политиката!, напиша Златев на социјалните мрежи.