Наутро многу студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Во Скопје сончево и студено со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -14 до -4°C, а максимумот од 0 до 8°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-17 Попова Шапка, -15 Берово, -14 Крушево, -12 Маврови Анови, Крива Паланка, -11 Битола, Тетово, -10 Прилеп, Претор, -9 Скопје-Петровец, Охрид, Штип, Демир Капија, -8 Виница, Струмица, -7 Скопје-Зајчев Рид, -4 Дојран, -3 Гевгелија.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

49 Попова Шапка, 18 Маврови Анови, 5 Ѓуриште, 4 Крушево, 3 Берово.