УХМР соопшти дека времето во наредните денови ќе биде стабилно. Утре и во петок се прогнозираат ниски утрински температури за овој период од годината. Дневните температури од сабота ќе бидат значително повисоки, а локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има во недела.

Утре утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, додека дневните ќе достигнат од 16 до 26.

Во петок максималната температура ќе биде 29, а во сабота и недела 33 степени.