Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб, претежно јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 35 степени.

И во вторник ќе се задржи стабилно време со благ пораст на дневната температура. Во среда и четврток повторно се очекува нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.