Засилен ветер со локален дожд и грмежи
Денеска времето ќе биде променливо облачно, нестабилно и ветровито, со услови за локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен западен ветер, кој на одделни места ќе достигне и над 70 километри на час и ќе биде во форма на невреме. Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 29 и 37 степени.
Времето во Скопје со сончеви периоди
Во Скопје денеска ќе биде променливо облачно, со повремени сончеви периоди. Во делови од котлината се очекува нестабилно време, краткотрајно со невреме и засилен до силен југозападен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 17 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Временска прогноза за викендот
Во сабота во западните делови од државата ќе има повремен дожд. Северен ветер ќе дува и во сабота и во недела, а тоа ќе предизвика пад на дневната температура. Потоа, времето ќе се стабилизира со благ пораст на дневните температури.