Времето годинава нема да им оди во прилог на првомајските излетници, со најави за дожд и значително пониски температури од вообичаените за овој период.

Во Скопје на Први мај се очекува максимална температура од околу 14 степени, со 20 проценти веројатност за дожд. Во Велес прогнозата е слична, со максимум до 13 степени. Ден претходно, во четврток, ризикот од врнежи е поголем и достигнува околу 45 проценти.

Во западниот дел од земјата, времето ќе биде уште постудено. Во Охрид се прогнозираат околу 5 степени, а на планините постои можност за снег поради влијанието на постудени воздушни маси.

Слична е состојбата и на југот. Во Битола се очекува максимална температура од околу 9 степени, со можни врнежи од снег на Пелистер.

Источна Македонија ќе има нешто повисоки температури, со максимуми до 14-15 степени, но врнежи од дожд се очекуваат и во овој дел од земјата.