Во фокусот на годинашниот собир „Македонија 2025“ се стратешкото лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигитална трансформација и поголема регионална соработка за создавање просперитетни економии.
Се дискутира и за моќта и потенцијалите на вештачката интелигенција и искористувањето на дигиталните здравствени иновации за унапредување на медицинските услуги во југоисточна Европа.
Демократијата, слободата на говорот во ера на дигитализација, исто така се дел од темите на самитот „Македонија 2025“.