-Страшно се плашам од претстојната есен и страшно се плашам за невакцинираната популација. Веројатно ќе почнеме да ја даваме третата доза на вакцината, рече тој.
Вучиќ исто така вели дека делта сојот коси се пред себе.

-Кога ќе пристигне во поголеми размери, се плашам дека нема да имаме соодветен одговор. Во Велика Британија сите се вакцинирани и тие имаат проблем, рече Вучиќ, а пренесува Блиц.