Српскиот претседател Александар Вучиќ нагласи денеска дека дијалогот со Приштина ќе продолжи во средината на идниот месец.
– Ако го напуштиме разговорот, ние ќе бидеме виновни што го напуштаме дијалогот и не продолжуваме да разговараме… Ние мора да учествуваме во дијалогот, да бидеме дел од светот.
Според него, државата иако сака компромис ќе укаже на јасни црвени линии и ќе биде под големи притисоци.
– Ќе бидам под голем притисок, но…нема да им потишам признавање на независно Косово, потенцира Вучиќ на отворање на седница на Главниот одбор на неговата партија СНС.
Тој додаде дека во Србиоја нема одлуките да ги носат странски амабсадори ниту ќе може да избираат луѓе на функции.