-Среќен сум што сум овде на југот на Србија, во Пуковац. Ви благодарам на сите за гостопримството. Ја примив втората доза на вакцината, без никаков проблем. Во други земји, луѓето се борат за вакцини, а ние имаме доволно за секого. Затоа ве молам на сите – вакцинирајте се што е можно поскоро, напиша Вучиќ на Фејсбук.
Првата доза од кинеската вакцина на „Синофарм“ тој ја прими во Рудна Глава, кај Мајданпек, во Здравствениот дом „Д-р Верољуб Цакиќ“.