Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави вечерва дека недела, кога во Приштина ќе се одржат избори на северот на Косово и Метохија, на кои Србите нема да учествуваат, ќе биде ужасен ден за демократијата и тежок ден за српскиот народ.
Тоа, додаде, ќе биде ден кој ќе биде срам на светот и Европа и срам на Квинтата.
„В недела ќе одржат избори, ќе ги поддржат и потоа ќе кажат дека Белград е виновен“, рече Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.
Тој потсети зошто Србите не учествуваат на избори. Не поради каприц, рече претседателот, туку затоа што командирот на полицијата бил незаконски разрешен, затоа што Тодосијевиќ бил осуден, затоа што пукале во Србите, ја зазеле земјата и затоа што Србите девет години учествувале во институциите согласно договорот, а ЗСО не е формирана десет години и покрај договореното.