Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ пинк, замолен да го прокоментира тоа што нема отворање на нови поглавја со Србија, како ни почеток на преговори со други балкански земји, изјави дека премиерката Ана Брнабиќ „многу се насекирала“, бидејќи во министерствата во последните месеци е работено деноноќно како би се подготвило се за кластерите, пренесува РТС.

Вучиќ истакна дека е направено се што од ЕУ е побарано, наведувајќи го раздвојувањето на „Србијагас“, акцизите… но дека и покрај тоа нема ништо.

– Мојата порака е продолжете да работите, тоа го правиме за нас. Ние сме на европскиот пат. Сакаш-сакаш, нејќеш-нејќеш, им благодариме. Че се видиме на крајот на годината кога ќе ги погледнеме нашите стапки на раст и стапките на раст на другите, заклучи Вучиќ.