Вардар денеска потфрли и го доживеа првиот пораз во Лигата на шампионите, на свој терен загуби од Монпелје со шест голови разлика.
„Честитки за Монпелје, заслужено победија. Ние потфрливме, Вардар не личеше на екипата од првите три кола, во ниту еден сегмент не му париравме на противникот. Целиот тим потфрли, ќе мора да го анализираме овој меч, да го најдеме проблемот за лошата игра и да продолжиме понатаму, сезоната е долга“, вели Вујовиќ.
„Искрено среќен сум што денес не игравме со Бутл, затоа со ваков меч и од Бутел ќе изгубевме. Не дека го потценувам Бутел, но со она шт го правеа нашите бекови, техничките грешки, промашените шутеви и слично, ќе загубевме од било која македонска екипа“.
„Помислвме деа сме многу силни, дека кој и да дојде во оваа сала ќе го победиме. Ова е добра шлаканица за нас. Мора цврсто да стоиме на земја“.
Вардар во следното коло ќе има тешка задача, во Данска му гостува на Алборг.