– Има 26 лица кои биле на мерките. Суштината на мерките е да се следи комуникацијата на некои луѓе за да се најдат докази за сторени кривични дела. Ако имате 26 лица на кои им е изречени мерки, а никој од нив не е сослушан или осомничен година и пол, тогаш не можете да ми кажете дека овие луѓе биле на мерки затоа што се криминалци, туку затоа што биле во контакт со претседателот Вучиќ и членовите на неговото семејство, изјави Вулин за телевизијата Б92.
Тој додаде дека сите имиња се предадени на обвинителството и дека сега е време да се квалификува кривично дело.