Ја тестираат новата опција во Бразил каде што корисниците по пат на апликацијата ќе може да пронајдат локални продавници и сервиси, соопшто Вил Катарт, еден од главните луѓе на WhatsApp.
Во апликацијата ќе бидат распоредени продавници, а корисниците ќе можат да да комуницираат со нив.
Reuters пренесува дека во тестирањето ќе учествуваат над илјада продавници со кои корисниците ќе комуницираат.
WhatsApp се одлучи на овој чекор бидејќи истражувањата покажаа дека над 175 милиони луѓе ја користат оваа апликација не само за допишување, туку и за работа.
После Бразил, опцијата ќе биде испробана и во други држави.