-Скандалозна продажба, сомнителен договор, итно запирање на постапката!…ова беа жолчните изјави на советниците на СДС пред 4 години за продажбата на градскиот базен. Истите, на седница на Совет не ја поддржа изградбата на Аква паркот, дури сегашната власта поднесе кривични пријави за претходниот градоначалник. За овој проект, СДС говореше дека е „криминална инвестиција на познат бизнисмен“, за денес гордо да се промовираат на грбот на туѓиот успех.
Во контекст на овие претходни обвинувања, а денешни горди лични промоции, би сакале да ја прашаме власта, до каде е со изградбата на Аква паркот во СРЦ Суитлак?
Дали Аква паркот на познат бизнисмен, кој пред извесно време го омаловажуваа и плукаа, е достојна замена за нивното неисполнување на дадените изборни ветувања?, прашува Игор Ефтимов.