Во зајакната акциска контрола во Тетово, полицијата денеска сакнционирала 153 возачи за управување возило со брзина поголема од пропишаната.
Како што соопшти МВР, од санкционираните, 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
-При тоа 86 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 67 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, се наведува во соопштението.
Полицијата апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и најавува продолжување со сообраќајните контроли.