Децата имаат ниска сатурација и сериозна клиничка слика, но нивната состојба според лекарите е стабилна. Според Институтот за јавно здраво, за само две недели, односно од 1 до 14 септември, позитивни на ковид-19 се 937 деца од 0 до 19 години, а дури 80 отсто од нив се ученици во средно или основно училиште.
Како што објави Сител, од 20 кои лежат во болничките соби дури 15 се школски деца. Освен наод на белите дробови пациентите имаат и висока температура и глад за воздух.
Педијатрите предупредуваат дека овој бран е многу посериозен од претходните и бројот на приеми и прегледи е зголемен со стартот на учебната година.
Лекарите стравуваат дека бројот на заразени ученици ќе се зголеми откако децата ќе бидат затворени во училниците за време на зимата.
Педијатрите велат дека секоја висока температура и кашлица не е ковид и родителите веднаш да не трчаат во Козле туку да побараат прво помош кај матичните.
– Имаме во чекалните и деца со температура кои не се позитивни и позитивни и доаѓа до мешање на инфекцијата па и тие што немаат можат да добијат. Затоа прво кај матичен и ако состојбата е сериозна болницата е 24 часа достапна за сите пациенти, вели др. Поповска.