– Договорот се потпиша во рамки на заедничкатa седница на Владите на Република Северна Македонија и на Република Косово во Скопје. Со овој договор се овозможува размена на искуства и активности, имајќи го предвид значајниот број граѓани од двете држави кои живеат во странство, соопшти МНР.

Министерството посочува дека денеска беа потпишани 11 договори и меморандуми за соработка, со кои бројот на потпишани документи со Косово од 42 се зголеми на 53.