Како што рече денеска Филипче, во Шуто Оризари ќе има поликлиника со тимови на лекари и медицински сестри, а аплицирала приватна здравствена установа.
Тој изрази задоволство што конечно е најдено решение за таков, напомена, сериозен проблем.
– Заврши постапката за набавка на опрема за гинеколошката ордианција, докторот кој имаше определен рок да најави дека ќе го напушти работното место во една од приватните болници, бидејќи е при крај со административната постапка за регистрација на гинеколошката амбуланта. Во оваа недела или две што се пред нас ќе се заврши и постапката за закуп од страна на поликлиниката на таа ординација која е дел од Здравствениот дом – Скопје и верувам дека, практично, истовремено за граѓаните од тој дел на градот ќе имаат дефинитивно решено прашање – матичен лекар и матичен гинеколог. Ние сме тука, ќе помогнеме се што треба за да се забрзаат процедурите, Верувам дека брзо ќе биде, истакна Филипче, одговорајќи на новинарско прашање откако соопшти дека вакцинацијата во салата „Борис Трајковски” се одвива во најдобар ред.