Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска спровело зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 330 возачи.
Од нив, како што посочуваат од МВР, 39 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.