Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека склучен бил договор на набавка на 3.300 нови контејнери.
„Потпишан е договорот за набавка на 3.300 нови контејнери, најголемата набавка од ваков тип во изминатите години, со која темелно ќе го унапредиме системот за собирање отпад во главниот град“, сподели тој во објава на социјалните мрежи.
„Она што е важно да се нагласи е дека контејнерите што претходно се набавувале од моите претходници, биле по цена од повеќе од 18.000 денари по парче, а ние денес ги набавуваме за 9.600 денари – речиси двојно поевтино, и тоа во услови на глобално зголемени цени“, истакна Ѓорѓиевски, додавајќи дека по новите возила за ЈП „Комунална хигиена“, пристигнуваат и 3.300 нови контејнери.
