Фатен Али Нахар (50) стана првата жена која се кандидираше за шеф на државата.
Вторите избори од почетокот на граѓанската војна пред десет години се закажани за 26 мај, но тие се повеќе симболични, бидејќи се очекува да ги освои претседателот Башар ал-Асад, објавија западните медиуми.
Сиријците кои живеат во странство ќе гласаат на 20 мај.
Малку податоци се познати за Нахар. Претседателот на Парламентот ги објави нејзината возраст, местото на раѓање и името на мајката. Сепак, на социјалните мрежи нема информации за неа.
Покрај Нахар, досега се пријавени уште двајца кандидати за учество на изборите, вклучително и бизнисмен кој се кандидираше во 2014 година, кога претседателот Башар Асад освои речиси 90 проценти од гласовите. Асад се уште не ги доставил своите документи, но повеќето луѓе очекуваат тој да се кандидира за четврти седумгодишен мандат.