Угостителите и хотелиерите на Будванската ривиера им понудија летен одмор на децата од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, испраќајќи писмо до Министерството за образование на Србија.
Како што наведе Министерството за образование на Србија, во писмото, хотелската групација „Будва Ривиера“ наведува дека располага со сместувачки капацитети во хотелите во Будва, а ќе им понуди сместување на децата, како и нивните семејства, а на кои им треба закрепнување по немилиот настан.
„Доколку мислите дека овој наш предлог ќе им користи на децата, кои за жал беа сведоци на масакрот и за среќа се спасија од страдањата, ве молиме контактирајте ја Канцеларијата на Управата на хотелската групација „Будванска ривиера“, за во периодот кога нашите хотелски капацитети се достапни, да им се овозможи летен одмор и престој со цел што побрзо закрепнување на децата од нападот кој остави длабока трага кај сите нас“, се вели во пораката.