Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража е воведена поради обилни врнежи од снег.

Како што соопшти ЈП „Македонијапат“, забраната стапи на сила од 17 часот и важи за двата правци – кон Кичево и кон Гостивар.