Забраната за движење во периодот од 22 часот синоќа до 05 часот изутрината не ја почитувале 28 лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Додаваат дека во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 369 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.