Во Берово утрово се измерени -11 степени и насекаде во државата температурите се спуштија под нулата.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека -8 степени се измерени во Крива Паланка, -7 во Струмица, а -6 степени во Куманово, Штип, Скопје – Петровец, Демир Капија и Битола. Во Лазарополе, Тетово, Велес, Кавадарци и Прилеп живата на термометарот се спушти на -5 степени, во Скопје – Зајчев Рид, Попова Шапка, Крушево и Виница беа измерени -4, во Гевгелија -2, додека -1 степен е регистриран во Претор и Охрид.
Според прогнозата на метеоролозите, времето преку денот ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјата ќе има повремени врнежи од дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната дневна температура низ државата ќе се движи во интервал од 7 до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и постудено, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната дневна температура ќе достигне до 6 степени.
