Актерот Сашо Тасевски на фејсбук напиша дека зад денешниот протест стои катастрофално владеење на СДСМ и газење по достоинството на македонскиот народ.
Зајчињата галиба се исплашени. Од сабајлево фрчат лаги: Зад протестите стоел Груевски, па Мицковски, па овој, оној…
Не бе давајгази белосветски и останатите од енџио граЏанството напикани во партијата на власт. Грешка сте бе згрешени!
Зад протестите стои вашето катастрофално владеење и газење по достоинството на македонскиот народ.
Зад протестите стојат вашите велепредавства со Договорот во Нивице и оној со Бугарите.
Зад протестот стои арогантноста на вашата Мила Царовска, на Рашковски на Љупчо антикорупционерот. Нивната потреба да се прават глуви на нашите мислења.
Зад протестите стои Филипче и неговиот дебакл со вакцините и заразата.
Зад протестот стои вашиот шеф кој го запрепасти светот со леснотијата со која тргуваше со националните интереси на македонскиот народ. Со леснотијата во која упаѓаше во замки на пранкери. Светот и ние бевме запрепастени и од леснотијата со која навечер го лижеше она што го плукнал сабајле. Запрепастени од неговите шарени лаги.
Зад протестот стојат монтираните судски процеси на патриоти, додека се што беше антимакедонско настроено го прибравте во партијата зајадливо да ги исмева Македонците.
Зад протестите стои вашата неспособност која ја докажавте милион пати со сега.
Еднаш некои од нас ви поверуваа дека сте ја научиле лекцијата од времето на вашиот Бранко и дека ќе знаете да цените што се вративте на власт по 12 години. Не беше така. Опасно се излажавме. Затоа овојпат нема да има милост за вас. Вие, сите топтан, сте завршена приказна за Македонија. Сега и за вечни времиња. Амин.
Одиме на протести. Никој нема зад нас. Одиме еден до друг. Против вас слуги предавнички.
Зајчињата галиба се исплашени. Од сабајлево фрчат лаги: Зад протестите стоел Груевски, па Мицковски, па овој, оној…
Не…Posted by Sasho Tasevski on Sunday, April 25, 2021