Конкретната мерка, вчера ја соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а лицата за кои важи задолжителната вакцинација, мора да ја имаат примено прва доза до 16 јануари 2022 година.
Во случај на непочитување на обврската се изрекува административна глоба од 100 евра месечно.
Доколку првата доза се прими до 15 јануари и се заврши вакцинацијата според пропишаните процедури и во предвиденото време, казната е 50 евра.
Казната ја заверува и наплатува Независната управа за јавни приходи, а собраните средства ќе се користат исклучиво за зајакнување на националниот здравствен систем во битката со пандемијата.
Од задолжителната вакцинација ослободени се оние кои прележале Ковид-19 во последните 180 дена или имаат докажани здравствени причини кои ги спречуваат да се вакцинираат.