Во пресрет на Стара нова година според јулијанскиот календар заедничка градска трпеза во центарот на Прилеп.
Локалните власти и еснафот од бурекџии и фурнаџии со над 400 пити и буреци со парачка и повеќе од 300 литри вино и топла ракија го најавија дочекот на Стара нова година..И тоа се, според православните и црковните канони но и според житието на Свети Васили.
Прилепчани бараат оваа градска трпеза да прерасне во традиционална бидејќи заедничкото дружење под Градската саат кула која го одбројува времето кое минува има и посебна симболика.
До година велат организаторитее василичарското заедничко вртење на питите и буреците со паричка ќе биде уште поголемо и по организирано.
Ќе бидат поканувани гости и од соседните општи, а интенцијата е ова да прерасне во интересна туристичка атракција.