Попис има, мора и ќе има. По 20 години што сме? Држава, нација? Мора да има попис.
Вака премиерот Зоран Заев одговори денеска на новинарско прашање во врска со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да има електронски попис.
Заев уште еднаш нагласи дека пописот е олеснет со електронската база на податоци од кои голем дел ќе бидат само испроверени. Обезбедени се комплетните мерки, екипирани се и попишувачите.
-Се е подготвено за пописот и драго ми е што нашата земја конечно покажува капацитет да спроведе ваква статистичка операција која значи фер, рамноправност, еднаквост во распределбата на економските ресурси, во правото на развојот и во квалитетот на живот за граѓаните. Многу е важно да се спроведе пописот, истакна Заев по увидот во изградбата на мостот „Љублљанска“.