– Верувам дека пораката синоќа испратена од господинот Мицкоски, дека ако се вакцинираат попишувачите, а тие секако се планирани за првата група граѓани, тогаш тие јавно ќе дадат поддршака за Пописот и тогаш навистина сите субјекти ќе бидат про Пописот, освен Левица. Јавно ја користам приликата да ги повикам од Левица да се приклучат кон оваа важна операција, рече Заев.
Тој посочи ако во недела стигнат вакцините, ќе може правовремено пред први, да се вакцинираат попишувачите.
– Очекувам тоа Комисијата да го каже, затоа што така беше планирано. Во понеделник имаме состаноци , ќе разговарме и ќе се обидеме да изнајдеме решение, додаде Заев.