Како што информираат од владината прес-служба, премиерот Заев ќе се обрати преку видеоконференциска врска во два наврати и тоа со воведно обраќање по повод официјалниот почеток на Форумот, а ќе зборува и за условите и поддршката на странските инвеститори во земјава, како и за проектите со фокус на енергетиката, инфраструктурата и гасификацијата.
На Виенскиот економски форум воведни обраќања ќе имаат и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји, словенечкиот премиер Јанез Јанша, извршниот директор на Групацијата А1 Телеком Австрија, Томас Арнолдер, како и Петар Умундум, претседател на Виенскиот економски форум.