ЛГБТИ заедницата ја има владината и мојата поддршка за каузата која значи еднаквост и која последните четири години слободно се манифестира во нашето едно и еднакво општество, а на јавните простори во Скопје и со организацијата на #SkopjePride, напиша на фејсбук премиерот Зоран Заев пред утрешната парада на гордоста.
– Го делам ставот дека никој не е слободен додека секој еден не се ослободи затоа што нашата заложба за „Едно општество за сите“ ќе се реализира целосно кога секој глас ќе биде слушнат и најважно од сѐ – прифатен како еднакво важен со сите други. Манифестираме европски и солидарни манири среде Балкан. Ова е нашиот нов Балкан, слободен, човечки и разновиден. Повикувам здружно да продолжиме да работиме на рушење на ѕидовите и креирање нов и подобар свет за сите нас, напиша Заев.
ЛГБТИ заедницата ја има владината и мојата поддршка за каузата која значи еднаквост и која последните четири години…
Posted by Zoran Zaev on Friday, June 25, 2021