Тој најави најголема политичка акција за нова позитивна промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во земјава, почнувајќи од СДСМ.
– Ова е нова политика на СДСМ за новото време. Никој во СДСМ нема да се кандидира за функција, само за да биде функционер, туку да врши должност и да биде служител на граѓаните, рече Заев.
Заев е единствен кандидат но ќе има можност неговите сопратијци да гласаат „ЗА“ и „Против“.
– Веруваме во демократија, па иако сум единствен кандидат не може да му се допаднам секому, дури и на социјалемократите во чие име ја исполнувам оваа функција затоа што сме демократска партија имаме различни мислења по многу прашања, рече Заев.