Инспекторите и останатите вработени во Државниот пазарен инспекторат велат дека се уште се без одговор од кабинетот на премиерот Зоран Заев.

Тие во текот на вчерашниот ден започнаа со петиција, за која велат дека се собрани потписи од сите вработени, а побараа и итна средба со премиерот во врска со разрешувањето на директорот Стојко Пауновски.

Она што е најбитно е да ја постигнеме таа средба, до тогаш ни останува само да чекаме. Со собраните потписи и писмен допис во понеделник повторно ќе се обратиме до Владата со цел остварување на средба со премиерот, која се надеваме дека ќе резултира со позитивен договор“, велат од ДПИ за Телма.

Тие напоменуваат дека нема да одат на штрајк, туку преку законски начин ќе се обратат до Заев.

Од Владата пак за Телма велат дека не е пристигнато никакво барање до нив за средба со вработени на пазарната инспекција.