Директорот на ДПИ Стојко Пауновски постапи правилно во целата оваа ситуација и не смее да биде казнет по никоја основа.

Ова во изјава за „Фокус“ го тврди универзитетскиот професор и поранешен декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Борче Давитковски.

Пауновски постапи сосема правилно. Не може да му се наложи нешто спротивно на закон. Според Законот за администрација, тој може да одбие таква наредба. Тие вработувања се специфични и за таму е потребна стручна подготовка и лиценца. Статусот на инспектор значи дека тој е лицо со јавни овластувања, ако утврди неправилности, составува записник и носи решение – да изрече глоба, да затвори простории. Пауновски не смее да одговара, вели Давитковски за „Фокус“.