Во однос на тоа зошто не се објавуваат јавно лицата кои досега примиле вакцина, Заев рече дека, тие немаат проблем со тоа, доколку самиот систем може да ги заштити личните права на граѓаните.

– Не смееме да дозволиме заради какви било лажни вести, кои се присутни насекаде, да нарушиме одредени човекови или здравствени права на граѓаните. Ако системот тоа го дозволува, ќе кажам на институциите и тоа ќе го направиме, а, ако не дозволува, тогаш секој функционер може поединечно да се изјасни и каже, изјави Заев.

За тоа која вакцина би ја примил, Заев рече дека, која вакцина ќе дојде на ред, таа би ја примил.